Утрински Весник
Свет

Ердоган: Руското признавање на Донецк и Луганск е неприфатливо

Ердоган: Руското признавање на Донецк и Луганск е неприфатливо

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека признавањето на независноста на самопрогласените Донечка и Луганска Народна Република од страна на Русија е неприфатливо и ги повика сите страни да го почитуваат меѓународното право, јави денеска телевизијата НТВ.

Ердоган се понуди да посредува во конфликтот, ја предупреди Русија да не ја напаѓа Украина, но и ги критикуваше постапките на западните земји во оваа криза, пренесува „Ројтерс“.

„Сметаме дека оваа одлука на Русија е неприфатлива. Го повторуваме нашиот повик за здрав разум и почитување на меѓународното право од сите страни“, изјави Ердоган за новинарите, додавајќи дека Анкара подготвила пакети за претпазливост како земја во критичниот регион.

Можете да прочитате

Сијарто признава дека се слушал со Лавров за време на клучни состаноци на ЕУ – тоа е дел од дипломатијата

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран