Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Ердоган: Нападот на џамијата во Ларнака нема да остане без одговор

Ердоган: Нападот на џамијата во Ларнака нема да остане без одговор
300x250 opst2

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека нападите врз џамија на Кипар нема да останат без одговор, по дојавата за обид за запалување џамија во јужниот, меѓународно признат грчки дел на Кипар.

Турскиот весник „Дејли Сабах“ објави дека најмалку едно лице било приведено по обидот на 2 декември да запали голема џамија во Ларнака, а во таа прилика немало повредени.

„ За жал, имаше обид за напад на нашата џамија во јужен Кипар. Се разбира, оваа операција нема да остане без одговор“ рече Ердоган при посетата на Кипар.

Тој додаде дека претходно го предупредиле јужен Кипар: „ Ова му го кажуваме на јужен Кипар: не правете таква саботажа против нашите свети места. Цената што ќе ја платите за оваа саботажа ќе биде голема“.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа