Утрински Весник
Свет

Ердоган и Путин телефонски разговарале за војните во Сирија и Украина

Dik 300x250 mk

Дирекцијата за комуникации на турското претседателство соопшти дека Ердоган и Путин разговарале за повеќе теми, меѓу кои и актуелната ситуација во Сирија и Украина зафатена од војна и воспоставување безбеден коридор за извоз на жито од пристаништата на Црното Море.

dobivaj vesti na viber

Нагласувајќи дека за време на разговорите е посветено големо внимание на важноста од проширување на прекуграничниот механизам во Сирија, во соопштението за медиумите се наведува дека Ердоган рекол дека е време да се преземе акција во однос на планот на Обединетите нации за воспоставување безбедни коридори за извоз на жито од пристаништата во Црното Море, пренесе Н1.

Повторувајќи дека војната меѓу Украина и Русија треба да заврши со траен и праведен мир, преку преговори, турскиот претседател Ердоган рече дека Турција е подготвена да го даде секој можен придонес за ревитализација на преговарачкиот процес.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил