Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Ердоган за социјалните мрежи – тие се најголемата закана за демократијата

Ердоган за социјалните мрежи – тие се најголемата закана за демократијата
300x250 opst2

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги опиша социјалните мрежи како една од најголемите закани за демократијата.

Администрацијата на Ердоган планира да воведе закон со кој ќе се казнува ширењето на лажни вести на Интернет, но критичарите велат дека предложените измени само ги заоструваат забраните за слободата на говорот.

„Социјалните мрежи, опишани како симбол на слободата кога се појавија, станаа еден од главните извори на закана за денешната демократија“, рече Ердоган во видео обраќањето на конференција во Истанбул.

Според него, Анкара се обидува да го заштити својот народ, особено чувствителниот дел од општеството, од лаги и дезинформации без да го наруши правото на точни и непристрасни информации.

Минатата година Турција донесе закон со кој се бара платформите на социјалните медиуми со повеќе од милион корисници да имаат правен застапник и да складираат податоци. Оттогаш, голем број технолошки компании, вклучувајќи ги Фејсбук, Јутјуб и Твитер, отворија канцеларии во Турција.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари