Утрински Весник
Свет

Ердоган ги пофали младите од неговата партија дека не се ЛГБТ

Ердоган ги пофали младите од неговата партија дека не се ЛГБТ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го пофали подмладокот на својата владејачка партија, бидејќи, како што наведе, носи славна историја на нацијата и не е ЛГБТ подмладок.

Во Истанбул во саботата беа уапсени четворица студенти поради уметнички дела, кои наводно содржеле ЛГБТ симболи со слика на еден исламски сајт.

По говорот на Ердоган се одржаа протести. Вчера беа приведени 159 луѓе, повеќе од кога било претходно за време на повеќенеделните демонстрации, иако околу 100 беа ослободени утрешниот ден.

Хомосексуалноста е легална во Турција, но официјалното спротивставување на ЛГБТ заедницата порасна последните години.

Маршот на гордоста во Истанбул беше забранет пет години по ред до 2019 година, а поради Ковид-19 не е одржан ни во 2020 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна