Утрински Весник
Свет

Ердоган ги покани Путин и Зеленски во Турција на разговори за Украина

Ердоган ги покани Путин и Зеленски во Турција на разговори за Украина

Турција е подготвена да претстави платформа за преговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски, изјави Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој рече дека Ердоган ги покани Путин и Зеленски да дојдат во Турција и да се сретнат за да ги решат проблемите и разликите.

– Турција е подготвена да направи се што може за да ги намали тензиите меѓу Русија и Украина, посочи Калин.

Тој додаде дека Ердоган има намера да ја посети Украина во следните недели, но дека Анкара ќе биде во близок контакт со Русија, со цел да се избегне каква било воена акција која би имала сериозни последици.

Западот тврди дека Русија подготвува напад врз Украина, додека Москва ги отфрли тие обвинувања и посочува дека тие служат како изговор за распоредување на воена опрема и сили на НАТО во близина на руските граници.

Можете да прочитате

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја

Ужас во Колумбија: Се урна воен авион, имало 110 војници!