Утрински Весник
Свет

Ердоган во Црна Гора: Верувам дека наскоро ќе станете членка на ЕУ

Ердоган во Црна Гора: Верувам дека наскоро ќе станете членка на ЕУ

Турција многу добро го разбира дефицитот на стабилност на Западен Балкан и затоа инсистира на отворени врати кон НАТО и ЕУ за регионот, изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ по средбата со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кој е првиот турски лидер што ја посетил Црна Гора.

Ѓукановиќ рече дека посетата ќе биде нов поттик за односите меѓу двете земји.

„Го запознав гостинот со реалноста на политичкиот живот во Црна Гора“, рече црногорскиот претседател.

Додаде дека повеќе од 150 Црногорци кои живеат во Турција претставуваат важен мост што ги поврзува двете земји.

Ердоган рече дека верува оти земјата наскоро ќе стане членка на ЕУ, потсетувајќи на целосната поддршка на Анкара за нејзиното членство во НАТО.

Потсетувајќи дека Турција беше меѓу првите што ја призна независноста на Црна Гора, тој ја истакна соработката во образованието, велејќи дека стотици студенти од Црна Гора од сите вери и нации биле стипендисти на турската влада и се образувале на турските универзитети.

Можете да прочитате

Кобахидзе: Во Грузија нема да се повтори сценариото на украинскиот „Мајдан“

Во Грузија уапсени над 100 демонстранти

Бунтовниците контролираат половина од градот Алепо