Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека извозот на жито преку Црното Море ќе започне во наредните денови.
„Со почетокот на транспортот на жито по морски пат во наредните денови, ќе дадеме важен придонес за надминување на светската криза со храна“, рече Ердоган, а пренесува телевизијата ТРТ.
Тој додал дека Анкара ќе продолжи да прави напори за решавање на кризата во Украина по дипломатски пат, пренесува ТАС С.
„Решени сме да продолжиме со дипломатските напори додека не се гарантира мирот меѓу Русија и Украина. Се надеваме дека во догледна иднина ќе добиеме охрабрувачки вести за време на преговорите и контактите на сите нивоа, вклучително и меѓу лидерите“, рекол Ердоган.
Русија и Украина, заедно со Турција и ОН, во петокот во Истанбул потпишаа договор за рестартирање на извозот на жито од украинските пристаништа на Црното Море.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјавија дека договорот ќе помогне да се олесни светската криза со храна.