Утрински Весник
Македонија

Еразмус плус во училиште во Лозово, учениците другаруваат со ученици од Португалија, Грција и Бугарија, а од Италија не дојдоа

Еразмус плус во училиште во Лозово, учениците другаруваат со ученици  од Португалија, Грција и Бугарија, а од Италија не дојдоа

Велес, 26 февруари 2020 (МИА)Во рамки на Еразмус плус програмата, по првата Мобилност одржана во Италија, денеска во ООУ „Методија Митевски-Брицо“ во Лозово  на втора Мобилност  под слоганот „Играј и учи за младоста“ се сретнаа и другаруваа децата од ова училиште со свои врсници од Португалија, Грција и Бугарија, а за жал децата од Италија од Сардинија беа спречени да допатуваат поради ново настанатата состојбата со коронавурусот во оваа земја.

Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Европската комисија за образование, а координатор се претставниците од Грција, односно од едно мало населено место близу градот Лариса.

Како што информира  Светлана Стојкова професор по француски и координатор на проектот од ООУ „Методија Митевски – Брицо“ од Лозово, проектот има за цел да ги промовира трајните европски вредности преку промовирање на играта како детектор на учење. 

-Ние во наредните неколку денови ќе ги промовираме старите традиционални детски игри и затоа имаме повеќе активности, преку кои сакаме да ја вратиме детската игра во нашите училишни дворови преку игрите што ги играле нашите баби и дедовци, потенцира Стојкова.

Таа оценува  дека ова е прекрасна тема што е прифатена од сите наставници и ученици вклучени во проектот. Тие сите денеска одржаа и заедничка културна програма во која се претставија и домаќините и гостите, а попладнево ќе учестуваат на тркалезна маса на тема„ Да се врати играта во училишните дворови“.

Во рамки на проектот во училиштето во Лозово, домаќините  и гостите ќе уредат и катче „PLEY“ со играчки од сите партнерски земји.

Гостите ќе се запознаат со македонскиот образовен систем, а ќе имаат и јазично ателје во кое ќе креираат иилустрираат постери со лексика и вокабулар на тема игра.

Во наредните четири – пет дена од нивното заедничко дружење, децата – домаќини заедно  со нивните  гости  ќе ја посетат и Француската Амбасада и Францускиот институт во Скопје,како и  културни знаменитости. Во сабота претпладне ќе се дружат и со хероината на документарниот филм  „Медена земја“ Атиџе Муратова, а  која е по потекло од овој крај.

Стојкова потенцира дека Еразмус плус  програмата  значи збогатување  на духот и себепознавање и јакнење на самодовербата не само на учениците туку и на наставниците  и им овзможува промоција на франкофонските вредности.ад/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор