Утрински Весник
Спорт

Енис Алиу освои бронзен медал во „SHADOWBOXING CHALLENGE“ на ЕУБЦ

Енис Алиу освои бронзен медал во „SHADOWBOXING CHALLENGE“ на ЕУБЦ

Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Европската федерација во бокс, ЕУБЦ организираше интересен настан со наслов „SHADOWBOXING CHALLENGE“ на кој сите боксери од Европа испраќаа свои видеа од тренинг објавени на социјалните мрежи. Македонскиот боксер Енис Алиу од клубот Алексо Огненовски од Охрид, во конкуренција на боксери до 14 години освои бронзен медал.

„SHADOWBOXING CHALLENGE“ беше одговор на пандемијата предизвикана од коронавирусот, започна на 11 мај и траеше до крајот на месецот, а специјалното жири ги одбра најдобрите видеа.

Одлуката на жирито се темелеше на техниката на боксерите, одбраната и нападот. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите