Утрински Весник
Македонија

Енес Ибрахим: Продолжуваме кон целта

Енес Ибрахим: Продолжуваме кон целта

17 февруари 2020 

Во Скопје, во преполната сала на Театар Комедија, Партијата за движењето на Турците (ТХП) успешно го заокружи проектот “Сите заедно, насекаде”, проект во чии рамки се остварија средби со граѓаните низ целата држава.

Во Скопје пред граѓаните се обрати претседателот на партијата Енес Ибрахим, кој истакна дека ТХП играше значајна улога во уривањето на претходниот режим, а со тоа и турците беа ослободени од канџите на груевизмот. Ибрахим е убеден дека ТХП со одлучни чекори продолжува кон целта и спремна е да се соочи со сите предизвици кои ќе донесат прогрес, стабилност и еднакви можности за сите граѓани. Според Ибрахим повеќе од видливо е дека последните неколку години општеството конечно почна да се демократизира, со што граѓаните го почувствуваа мирисот на слободата, а допрва ќе се почувствуваат бенефициите од членството во НАТО, како и од отворањето на портите на ЕУ, успеси за кои и ТХП даде голем придонес.

Со завршувањето на проектот “Сите заедно, насекаде” ТХП ги финишира и консултациите со граѓаните за новата изборна програма, која е веќе во фаза на креирање.

Со почит,
 
Партија за Движење на Турците во Македонија (ТХП) 

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Претрес во фабрика за медицински канабис во Гостивар: Приведени сопственикот и вработен поради неправилности

Над 2600 примерока од Правописот 7 години ,,скапуваат” во несоодветни услови – Левица бара одговорност за неодговорните

Алијансата за Албанците го исклучи Мухсин Арифи од партијата поради сомнежи за мито