Утрински Весник
Магазин

„Еми“: Били Портер и sвездите на „Круната“ се појавија на црвениот тепих

„Еми“: Били Портер и sвездите на „Круната“ се појавија на црвениот тепих

Позерската звезда Били Портер и британскиот актер Џош О’Конор беа меѓу првите кои во неделата пристигнаа во Лос Анџелес за доделувањео на наградите „Еми“, ноќта во која „Круната“ и комедијата Тед Лас се очекува да доминираат на годишната церемонија позната како телевизиски Оскари.

Портер, кој стана стилска икона поради неговиот смел избор облека за свечености, се реши на целосно црно со долги ракави и огромен дијамантски ѓердан.

Водителот Седрик „Ентертејнер“ носеше сино одело, додека Џилијан Андерсон, номинирана за улогата на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер во „Круната“, прошета на посебен црвен тепих во Лондон, каде што се собрани голем дел од британските таленти.

О’Конор, кој е главен кандидат за најдобар актер Еми за неговата изведба како млад принц Чарлс во Круната, имаше кравата=пеперутка во форма на цвет.

Се очекува „Круната“ да ја освои нагрдата за најдобра драмска серија „Еми“, како и трофеи за актерите кои јаглумат кралицата Елизабета (Оливија Колман) и младата принцеза Дијана (новодојдената Ема Корин).

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста