Утрински Весник
Магазин

Еминем најверојатно нема да биде спомнат во мемоарите на Мараја Кери

Еминем најверојатно нема да биде спомнат во мемоарите на Мараја Кери

Мемоарите на поп ѕвездата, со наслов „Значењето на Мараја Кери“, треба да излезат на 29 септември 2020 година.

И неколку недели пред очекуваниот датум, Мараја Кери даде криптичен одговор кога беше запрашана да ги коментира наводите во некои таблоиди дека Еминем, наводно, е „под стрес“ за она што може да се појави во книгата, односно некои интимни детали од спалната соба кога биле во врска речиси пред две децении.

50-годишната добитничка на „Греми“ се наврати на ваквите шпекулации, велејќи: „Има неколку песни што можам да ги отпеам како одговор, но нема да го сторам тоа“, рече таа во интервју за Vulture.

Мараја продолжи: „Ако некој или нешто не се однесува на вистинското значење на Мараја Кери, како што е насловот на книгата, тие не се во книгата“.

Нејзините коментари доаѓаат откако извор на „Њусвикли“ рече дека Мараја и Еминем имале многу токсична врска. Изворот откри дека таа отсекогаш била Ахиловата петица на Еминем.

“Раперот од Детроит стравува дека Мараја ќе каже негативни работи за него…дека бил лош во кревет или дека бил себичен љубовник. Тој секогаш се чувствуваше многу несигурен во врска со ова,“ рекол инсајдерот.

Кери се здружи со писателката Анџела Дејвис за да ја сподели својата приказна во мемоари со наслов „Значењето на Мараја Кери“.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѕвезден судар утре: Некои знаци ќе блеснат, други ќе паднат под притисок – кој е на удар?

Овој мал утрински ритуал може да ве ослободи од сите грижи – утре го славиме светителот со златна уста

Веднаш отстранете ги овие пет работи од вашата бања – пред да се разболите