Утрински Весник
Спорт

Емерсон: Буквално бев избркан од Барселона

Емерсон: Буквално бев избркан од Барселона
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Емерсон Ројал никогаш нема да го заборави летниот преоден рок во 2021 година. Бразилецот од Бетис, за девет милиони евра, се пресели во Барселона, но на „Ноу Камп“ се задржа само 40 дена. Барселона го продаде за 30 милиони евра во Тотенхем.

„Мислев дека во клубот сакаат да останам. Во неделата играв против Хетафе. Кога наредниот ден се појавив на тренингот ми стана јасно што се случува. Тотенхем испратиле понуда која во клубот ја прифатиле. Ништо не ми беше јасно“, рекол Емерсон и открил што се случувало потоа.

„Истиот ден, попладнето, ме повикаа на разговор. Ми кажаа дека сакаат да ме продадат. Ми кажаа дека клубот е во тешка финансиска ситуација, дека периодот е тежок. Им кажав дека сакам да останам, но бргу ми стана јасно дека тоа нема да биде можно. Ми рекоа дека морам да заминам, буквално ме избркаа“.

„Ме повредија со начинот на кој што го реализираа трансферот. Можеа тоа да го направат на поинаков начин. Кога дојдов мислев дека никогаш нема да ме продадат, а тие уште тогаш знаеја што ќе направат. Нецели 40 дена бев во Барселона“.

> Емерсон: Буквално бев избркан од Барселона <

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер