Утрински Весник
Свет

ЕМА: Едно фајзерово шише содржи до шест дози вакцина

ЕМА: Едно фајзерово шише содржи до шест дози вакцина

Европската агенција за лекови објави дека секое шише вакцина од компанијата „Фајзер“ и „Бионтек“ содржи до шест дози вакцина против Ковид-19.

Во ажурираните упатства за употреба на вакцината „комирнати“ на Фајзер и Бионтек се наведува дека, за да се извлечат шест дози од едно шише, потребно е да се користат шприцеви и / или игли со волумен не поголем од 35 микролитри, пренесува „Танјуг“.

ЕМА наведува дека ако се користат стандардни шприцеви и игли, волуменот на една вакцина можеби не е доволен за да се оддели шестата доза од шишето. Се додава дека ако количината на вакцината што ќе остане во шишето по петтата доза не може да ја обезбеди целосната доза (0,3 ml), здравствениот работник мора да го фрли шишето и неговата содржина.
Нагласено е дека не треба да се мешаат повеќе шишенца за да се добие потребната доза на вакцина, а неискористената вакцина треба да се фрли шест часа по разредувањето.

ЕМА потсетува дека „комирнати“ е вакцина за спречување на болести кај лица на возраст од 16 години и постари и дека е одобрена во ЕУ на 21 декември 2020 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата