Утрински Весник
Свет

ЕМА го замрзна процесот на тестирање на руската вакцина Спутник

ЕМА го замрзна процесот на тестирање на руската вакцина Спутник
Dik 300x250 mk

Европската агенција за лекови (ЕМА) го замрзна процесот на тестирање на руската вакцина против коронавирус Спутник В.

Проверката за одобрување на вакцината во моментов е прекината, велат од ЕМА.

Во моментов ништо не се случува околу Спутник, изјави шефот на Одделот за клинички студии, Фергус Свинеј. „Во моментов немаме никаков контакт со руските власти“, додаде тој, не наведувајќи никакви причини.

Нејасно е, како што пренесуваат германските медиуми, дали прекинот на комуникацијата е поврзан со војната во Украина.

Свини не очекува процесот на тестирање на вакцината да продолжи во скоро време.

Пред една година, ЕМА го започна процесот на проверка на Спутник V со анализа на документи за руската вакцина, иако немаше барање за одобрување на вакцината.

На тој начин ЕМА сакаше да го забрза одобрувањето на руската вакцина, но проверката во неколку наврати беше забавена поради наводниот недостаток на важни податоци.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно