Утрински Весник
Магазин

Ел Фенинг сака да биде гола

Ел Фенинг сака да биде гола

Ел Фенинг веќе има импресивна кариера на 22-годишна возраст со филмските хитови Mary Schelley, Maleficient и The Beguiled.

А сега, помладата сестра на Дакота Фенинг се појави на октомвриската насловна страница на „Венити феар“ за да разговара за драмската серија „Великата“ во која таа ја глуми руската царица Катерина.

Во интервјуто, sвездата открива колку е воодушевена што ја добила можноста да биде Катерина бидејќи ѝ се восхитува. „Вистинската Катерина Велика била сексуално многу слободна и луѓето заради тоа ја отфрлиле“, сподели Фенинг.

Ел Фенинг открива дека обожава да ја глуми руската владетелка и додава дека сексот е голем дел од серијата.

„Во серијата има многу секс, и јас бев возбудена што ја истражував таа страна на работата“.

„Лично, сакам да бидам гола. Јас одам гола речиси цело време. Тоа е дел од животот!“ вели таа во интервјуто.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Седум здрави намирници идеални за есен

Загадувањето на воздухот, освен физичкото здравје може да ја наруши и човечката психа

Тешко будење, пад на концентрацијата и попладневен замор – што ни носи есента?