Утрински Весник
Магазин

Елтон Џон сподели исечок од песната со која Бритни Спирс се враќа на сцена по 7 години

Сер Елтон Џон го најави долгоочекуваниот дует со Бритни Спирс.

dobivaj vesti na viber

Британецот на својот официјален профил на „Тик-ток“ сподели официјален исечок од Hold Me Closer,  преработка на неговиот хит Tiny Dancer од 1971 година.

Со овој дует Бритни се враќа на сцената по седумгодишна пауза.

Песната ќе биде објавена на 26 август. Бритни не го криеше задоволството од убавата вест дека добила можност да соработува со легендарниот музичар. Таа ја сподели веста на својот инстаграм-профил.

„Благодарам на сите што ми испратија зборови за поддршка. Тоа навистина ми значи. Едвај чекам сите да ја слушнете песната на која работевме заедно”, напиша Бритни.

Минатата година списанието Rolling Stone ја вклучи песната на Елтон Tiny Dancer меѓу 500 најдобри песни на сите времиња. Таа го зазеде 47. место.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста