Утрински Весник
Магазин

Елтон Џон се здружува со „Нетфликс“ за специјален документарец

Елтон Џон се здружува со „Нетфликс“ за специјален документарец

Сер Елтон Џон беше тема на еден од најдобрите филмови во 2019 година кога Тарон Егертон го глумеше во биографскиот филм „Рокетмен“, а сега е потврдено дека 73-годишната музичка легенда ќе им овозможи на фановите уште подлабок увид во неговиот живот со нов документарен филм.

Документарецот „Столбовите на Херкулес“, насловен по средното име на Елтон, Херкулес, ќе вклучува многу од деловите што изостанаа во филмот-биографија.

Весникот „Сан“ во колумната „Бизарно“ пишува дека документарецот ќе опфати настани од 70-тите години, вклучувајќи и досега невидени снимки зад сцената на кои покрај Елтон се појавува и покојната легенда на „Битлси“, Џон Ленон.

Долгогодишниот гитарист на Елтон, Дејви Џонстон работи на документарецот со години и сега се надева дека ќе склучи договор со „Нетфликс“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чорба од лосос – 24info.mk

Како токсичните врски влијаат на нашето биолошко стареење?

Пролет 2026: Два знаци со најголеми шанси за финансиски напредок