Утрински Весник
Магазин

Елон Макс го откажа договорот за купување на „Твитер“

Елон Маск нема да го купи „Твитер“ за 44 милијарди долари.

dobivaj vesti na viber

Тој го раскина договорот вреден 44 милијарди долари поради, како што вели, недоволните информации за ботови на платформата. Акциите на Твитер паднаа за 6%.

Условите на договорот бараат од Маск да плати една милијарда долари такса за раскинување доколку не ја заврши трансакцијата. Маск се закани дека ќе го раскине договорот доколку компанијата не покаже доказ дека спам и ботови сочинуваат помалку од 5% од корисниците. Оваа одлука најверојатно ќе резултира со долг правен спор меѓу Маск и Твитер.

Можете да прочитате

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца

Зошто жените живеат пет години подолго