Утрински Весник
Магазин

Елизабета Втора му порача на Хари дека секогаш ќе биде добредојден назад

Елизабета Втора му порача на Хари дека секогаш ќе биде добредојден назад
300x250 (7)

Лондон, 3 март 2020 (/) – На четиричасовната средба во неделата, во замокот Виндзор, британската кралица Елизабета Втора му порача на принцот Хари, дека тој секогаш ќе биде добредојден, ако сака да се врати во кралското семејство за повторно да ги извршува своите должности како негов член.

Како што пренесуваат британските медиуми, податоците за неделниот ручек се објавени денеска.

300x250 (7)

Според неименуваниот извор, „сега било вистинско време за тој важен разговор насамо на кралицата со нејзиниот внук“.

„Во неделата кралицата конечно можеше подробно да разговара со Хари и да слушне кои се неговите планови. Сè мина во опуштена атмосфера и двајцата беа во можност да си го кажат своето“, изјави неименуваниот претставник за „Дејли мејл“.

Според него, кралицата била „многу вознемирена поради Меган“, како и одлуката, нејзина и на Хари, да заминат да живеат во Канада. Но, кралицата нагласила дека и двајцата се добредојдени ако се премислат.

Како и да е, таа сепак, истакнала дека тие нема да можат да го експлоатираат името на кралското семејство, поради што и не дозволила името на нивната фондација да го содржи зборот „кралска“.

Канадската полиција, пак, на 27 февруари соопшти дека, штом принцот Хари и Меган Маркл официјално престанат да ги извршуваат должностите како членови на кралското семејство, тие веќе немаат обврска и нема да ги обезбедуваат како претставници на британското кралско семејство. си/сд/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Со долгорочната прогноза за летото се најавува забрзано опаѓање на топлиот циклус и пристигнување на ладниот

Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата

Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од својата програма на Месечината