Утрински Весник
Македонија

Електронски креираните рецепти се достапни во сите аптека низ државата

Клиника за нефрологија: Пациентите со трансплантиран бубрег редовно примаат имуносупресивна терапија

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Согласно новиот начин на електронско пропишување на лекови за хроночна терапија, пациентите можат да ги подигнат своите лекови во која било аптека на целата територија на државата, информираат од Здружението на приватни аптеки.

– Подигањето на терапијата пациентите можат да го извршат со приложување на документ за лична идентификација или здравствена книшка/картичка, се наведува во соопштението од Здружението на приватни аптеки.

Оттаму посочуваат дека електронски креираните рецепти се достапни во која било аптека на територијата на државата.

– Фондот за здравство го реализира овој проект во интерес на своите осигуреници и ние како аптеки го поздравуваме и даваме целосна поддршка на истиот, стои во соопштението.

Од Здружение на приватни аптеки напоменуваат дека по телефонскиот контакт на пациентите со својот матичен лекар, својата хронична терапија можат да ја подигнат во најблиската аптека на своето живеалиште, односно во аптека што сами ќе ја изберат врз основа на достапноста и снабденоста на аптеката како и стручноста на здравствените работници во истата. дма/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска: АНБ лажат, законот јасно кажува дека тие ги декласифицираат документите

Грчките спасувачи трагаа по Македонка во морските води, капачката била пронајдена жива и здрава на копно

„Вреди“: Бујар Османи излажа пред граѓаните за своите средби со Никола Груевски