Утрински Весник
Македонија

Елези: На повиците од Министертвото за финансии проекти одобрени за сите полошки општини

Елези: На повиците од Министертвото за финансии проекти одобрени за сите полошки општини

Тетово, 13 февраури 2020 (МИА) – Сите општини од полошкиот регион аплицирале и добиле средства на повиците на Министерството за финансии за да се повлечат средства од Светска банка, потенцира заменик министерката за финансии Ширет Елези од Тетово. Таа им порача на локалните власти дека има уште такви можности.

-Среднорочната рамка за финансирање од Светската банка за периодот 2019-2023 од 420 милиони долари, за општините има 70 милиони евра предвидени за да се реконструират локални патишата. Општина Тетово аплицираше со четири патни правци, рече Елези.

Таа  од реализираните проекти посочи дека пред неколку месеци се инсталирани фотоволтаични станици во три објекти – во две училишта во Порој и Тетово, и во филтер станица за вода. Преку проект од Светска банка пари се издвоени за тендерирање за пет автобуси за јавен превоз за кои се одвоени 72 милиони денари, а одобрен е и проект за еден мултифункционален камион кој чини 120 илјади евра, изјави Елези.

Во останати места се реализирани различни проекти. Општина Желино добила пари за асфалтирање две улици и енергетска ефикасност кај училиште. Во Боговиње е набавен мултифункционален камион за комунално претијатие, во Општина Врапчиште се работи на снабдување со вода за Добри дол и Неготино, а Гостивар работи на локални патишата, потенцира Елези. ас/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег