Утрински Весник
Свет

ЕК: Турција сè повеќе се оддалечува од членството во ЕУ

ЕК: Турција сè повеќе се оддалечува од членството во ЕУ

Европската комисија објави дека турската влада ја доведува во прашање економијата и демократијата на нејзината земја.

Исто така ја уништува независноста на судството, поради што Турција е многу подалеку од влегувањето во ЕУ отколку порано.

Комисијата на ЕУ ја обвини Турција за прекумерно централизирани овластувања на претседателот, за влошување на состојбата во областа на слободата на говорот, затворскиот систем и централната банка и посочи дека турската влада ја доведува земјата во ситуација на брзи промени во расположението на инвеститорите.

ЕУ изрази сериозна загриженост затоа што Анкара не реагира на негативните трендови во владеењето на правото, основните права и правдата. Разговорите за пристапување на Турција сега се во целосен застој, се вели во извештајот.

Пристапните преговори со Турција се ефективно запрени, се вели во извештајот, додавајќи дека е регистрирано сериозно назадување од обидот за државен удар во Турција во 2016 година.

Турција ги започна преговорите за членство во ЕУ во 2005 година.

Министерството за надворешни работи на Турција го оцени извештајот на ЕК како пристрасен и далеку од конструктивен, отфрлајќи ги критиките како неосновани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп