Утрински Весник
Свет

ЕК: Рокот истекува, отворете ги границите

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Европската комисија го повтори својот повик до сите земји членки да се придржуваат кон заеднички договорените мерки кога станува збор за ограничувања на границите во рамките на ЕУ.

Минатата недела Комисијата испрати писма до Германија, Белгија, Унгарија, Данска, Финска и Шведска во кои изразуваат загриженост за едностраните гранични мерки поврзани со влез и излез од тие земји, кои беа воведени за да се спречи ширењето на Ковид-19.

Рокот за одговор истекува во понеделник. Германија и Белгија веќе одговорија, што ние внимателно го разгледуваме, но нашиот став останува непроменет“, изјави портпаролката на Комисијата, Кристија Виганд.

Во Брисел нагласуваат дека сите земји членки на ЕУ се согласиле на координиран пристап кога станува збор за какво било ограничување на слободата на движење во Европа.

„Препораките се јасни и очекуваме сите земји да ги почитуваат“, вели Виганд.

На крајот на февруари, Белгија забрани секаков неесенцијален влез и излез од земјата, додека Германија ги постави граничните контроли кон Австрија и Чешка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

УНИЦЕФ: Над 400 милиони низ светот живеат во сиромаштија

УНИЦЕФ: Повеќе од 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби

Во железничка несреќа во Чешка повредени 57 луѓе