Утрински Весник
Македонија

Експресни железнички линии меѓу главните градови на Балканот до 2026

Експресни железнички линии меѓу главните градови на Балканот до 2026

Владата денеска го овласти министерот за транспорт и врски Благој Бочварски да ја потпише декларацијата со назив „Самит на Министри посветен на железниците – Пругите се иднината“.

Претстојниот Самит ќе се одржи во организација на Постојниот Секретаријат на Транспортната заедница, во соработка со Европската Инвестициона Банка и Европската Банка за обнова и развој,

Декларација која ќе ја потпише Бочварски, меѓудругото, предвидува повторно воспоставување на директни меѓуградски експресни возни врски помеѓу главните градови на Западен Балкан и ЕУ, за да се воспостави подобра поврзаност за деловните субјекти и луѓето, дигитализација на железничките системи за меѓусебно поврзување и овозможување на размена на податоци за прекуграничен превоз на патници и товарен транспорт до крајот на 2025 година.

Исто така се предивидува и склучување „One Stop Go“ договори меѓу сите регионални партнери и соседните земји на ЕУ за сите железнички гранични премини до четвртиот квартал на 2023 година, со цел да се олеснат процедурите за граничен премин за патници и товар.

Можете да прочитате

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници 

Ноќеска „Дрисла“ гореше, Ангелов тврди дека магла е!

Филипче: Само СДСМ може да се спротивстави на хаосот што го прави ВМРО-ДПМНЕ