Утрински Весник
Свет
Img 7972

Експерт на СЗО: Не потпирајте се премногу на американските разузнавачки служби

Експерт на СЗО: Не потпирајте се премногу на американските разузнавачки служби
300x250 opst2

Еден од експертите на Светската здравствена организација во мисијата за истражување на потеклото на коронавирусот во Вухан ја доведе во прашање веродостојноста на американското разузнавање за пандемијата.

„Не потпирајте се премногу на разузнавачките служби на САД“, напиша членот на СЗО, Питер Дасак, на „Твитер“.

„Франс прес“ наведува дека коментарот следел по изјавата на портпаролот на Стејт департментот во која се чини дека САД се дистанцирале од првичните наоди на експертите на СЗО.

Меѓународен тим од кинески експерти и  експерти на СЗО објави дека не е пронајдено животното од кое потекнува коронавирусот и дека нема индиции дека бил присутен во кинескиот град Вухан многу пред да биде откриен.

Експертите исто така оценија дека хипотезата дека коронавирусот „избегал“ од лабораторијата е крајно неверојатна.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија