Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Експерти од германската Федерална криминалистика ќе го истражуваат пожарот во Тетово

Експерти од германската Федерална криминалистика ќе го истражуваат пожарот во Тетово
Img 7972

Германија, како земја сојузник во НАТО утрово ја потврдила својата поддршка во однос на истрагата за фаталниот пожар кој ја зафати модуларната ковид-болница во Тетово, информираат од Владата.

Нашите власти одобриле во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи, за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот.

„Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција, чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, ДНК-анализи, електронски истраги и идентификација“, појаснуваат од владината прес-служба.

Во специјалните задачи кои ги работи БКА е и тим кој работи на истраги со жртви во катастрофи и несреќи.

Станува збор за институција која во Германија има 60-годишна традиција на дејствување, со околу 7.000 вработени.

Тимот експерти ќе соработува со МВР и ќе ја помага истрагата која ја води ОЈО.

Можете да прочитате

Фазлиу: Вреди поднесе иницијатива до Антикорупциската комисија за тендерите на „Ас Сењак“

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што секоја фирма може да добие тендер говори дека институциите се слободни, а постапките транспарентни, а не наместени како со СДС

Николоски: Наскоро ќе биде избран изведувач за изградба на автопатот Кичево – Букојчани