Утрински Весник
Свет

Експерти: Една доза вакцина нема да биде доволна, антителата исчезнуваат за неколку недели

Експерти: Една доза вакцина нема да биде доволна, антителата исчезнуваат за неколку недели

Тоа значи дека имунитетот на коронавирусот е привремен по примањето на вакцината.

Експертите сметаат дека една доза вакцина против коронавирус веројатно нема да биде доволно ефикасна. Тие дошле до ова мислење по истражувањето што покажало дека антителата во организмот исчезнуваат за неколку недели, односно месеци, пишува „Бизнис инсајдер“.

Затоа, струката верува дека лицето ќе мора да добие најмалку две дози вакцина за да има ефикасна заштита од коронавирусот.

Некои веруваат дека ќе мора да има ревакцинација, пренесува Н1. Фармацевтските компании веќе се подготвуваат за можноста сите да мора да примат најмалку две дози вакцина.

Доколку се испостави дека ќе бидат потребни две дози, тоа значи дека ќе биде потребно да се произведуваат повеќе ампули, инјекции и почесто да се посетуваат здравствени установи.

Претпоставката за почеста вакцинација произлегува од мислењето на експертите дека некое лице може да биде заразено со коронавирус повеќе од еднаш, што не е случај со некои други вируси. Сепак, нема јасни докази дека тоа е навистина случај.

Пред неколку дена е објавено дека експертите од Оксфорд развиле вакцина за која тврдат дека е безбедна и има добар ефект врз имунолошкиот систем.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Авион на Рајанер принудно слета во Германија поради бура, деветмина повредени

Ким Џонг Ун се сретна со Шојгу, вети безусловна поддршка за Русија

Германија мора да регрутира до 60.000 нови војници за да ги исполни целите на НАТО