Утрински Весник
Свет
Img 7972

Експерти: Враќање на коронавирусот – „Имаме совршена комбинација за совршена бура“

Експерти: Враќање на коронавирусот – „Имаме совршена комбинација за совршена бура“
300x250 opst2

Бројот на заболени од Ковид-19 повторно расте во Западна Европа и тоа е идеалната комбинација за „совршена бура“, пишуваат регионалните медиуми.

По повеќе од еден месец опаѓање на случаите низ Европа, во Велика Британија, Франција, Германија, Италија и други земји, бројот на инфекции драстично се зголеми во последните денови.

Во Франција, бројот на новозаразени се зголеми за повеќе од една третина откако владата ги укина повеќето ограничувања минатиот понеделник.

Германската влада одлучи во текот на викендот да ги укине ограничувањата, и покрај новиот рекорден број на инфекции регистрирани во петокот, дури 300.000 лица. Иако голем број германски сојузни покраини имаат слобода сами да воведат ограничувања, повеќето ги задржаа постојните мерки.

Италијанската влада во четвртокот објави дека ќе ги укине речиси сите ограничувања и покрај зголемениот број случаи.

Во Обединетото Кралство, едно од дваесет луѓе во моментов е заразено, но владата во петокот го укина последното ограничување за меѓународно патување.

Иако мерката за задолжителна употреба на маската FFP2 беше укината во Австрија пред само неколку недели, ова правило повторно се воведува поради се поголемиот број на заразени случаи.

Иако дел од епидемиолозите сметаат дека владите пребрзо ги олабавиле мерките, сепак посочуваат дека наглото зголемување на бројот на заболени се должи на подтипот омикрон БА.2, кој стана доминантен во многу земји.

Се проценува дека БA.2 е околу 30 проценти позаразна од претходната подваријанта БA.1, а бидејќи е потешко да се открие, се нарекува и „скриен омикрон“.

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас