Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Експертите за говорот на телото: Принцот Вилијам настојува да ја задржи контролата

Експертите за говорот на телото: Принцот Вилијам настојува да ја задржи контролата
300x250 opst2

Експертите за говорот на телото тврдат дека при првото јавно појавување по интервјуто на Хари и Меган, принцот Вилијам покажал желба да ја задржи контролата, но и дека поседува силни емоции.

Тој не само што ги игнорирал прашањата од новинарите како неговиот татко Чарлс туку се свртел и јасно кажал: „Ние не сме расистичко семејство“, пренесуваат британските медиуми.

„Се чинеше дека тој сакаше, како што направи татко му Чарлс, само да продолжи без коментар, но неговата потреба да одговори на прашањето беше посилна од тоа. Дури и преку маската се слушна нешто како кратко иронично смеење“, изјави експертот Џуди Џејмс.

Таа вели дека најсилниот сигнал што го видела кај Кејт и Вилијам е дека и двајцата зазеле ист став давајќи им до знаење на сите дека се согласуваат во мислењето и дека се емоционално и интелектуално поврзани.

Вилијам беше првиот член на кралското семејство што одговори на обвинувањата за расизам, а исто така откри дека досега не се чул со својот брат.

„По тој повод, тој ја наведна главата, но ја подигна едната веѓа, а во неговите очи се виде насмевка кога додаде дека има намера да го стори тоа“, објаснува Џејмс.

„Брзината со која тој реагира открива силни емоции иако се обидува да ги прикрие, тој постапува цврсто, но истовремено и попустливо, како голем брат кој сака да разговара со помлад брат по прекршувањето некои домашни правила“, рече таа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Екс кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција

Во Белгија приведени осум лица при истрага за меѓународна пирамидална шема за измами

Орбан: Без руска енергија, унгарската економија ќе пропадне