Утрински Весник
Македонија

Економско-социјалниот совет ја одржа 57. седница

Економско-социјалниот совет ја одржа 57. седница

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Седмиот извештај за ревидираната Европска социјална повелба, Годишната програма за работа на ЕСС за 2020 и Информацијата за работењето на ЕСС во 2019 година биле разгледани денеска на 57. седница на Економско – социјалниот совет (ЕСС) со која претседаваше заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.

На седницата, како што соопштија од Министерството за труд и социјална политика присутните дебатирале за сите точки и ги споделиле предлозите и мислењата на организациите кои ги претставуваат поврзани со економско-социјалните интереси на работниците и работодавачите, како и за законски решенија од економската и социјалната сфера.

-Континуитетот на социјалниот дијалог на сите нивоа е една од клучните заложби на Владата, со цел да се обезбеди суштинска транспарентност и инклузивност на процесите кои ги води, се вели во соопштението.

ЕСС нотираше дека трипартитна делегација на Република Северна Македонија ќе учествува на 109-тата сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева, во јуни годинава. На Конференцијата, меѓу другото, ќе се дебатира за Нееднаквостите и светот на работата и за Стратешките цели на социјалната заштита во делот на социјалното  осигурување. сст/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Милчо Манчевски за сомнителни трансакции од 950.000 евра

Советници од СДСМ во општина Кавадарци бараат одговори за работењето на Ски центарот „Михајлово“

Љубчо Георгиевски: Ванчо Михајлов не бил фашист