Утрински Весник
Македонија

Економските политики на СДСМ ја зголемија просечната плата на досега највисоки 26.836 денари

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ во 2019 беше најголемиот кочничар на напредокот, затоа на 12 април уште еднаш ќе загубат

Скопје, 20 февруари 2020

Инвестирањето во човечкиот капитал, вратената доверба во економијата, одговорните економски политики на СДСМ, придонесоа за првпат просечната плата да се искачи над 26.000 денари.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика просечната плата е покачена за 4,1 насто, однсно за 1050 денари во однос на декември 2018 година и таа изнесува 26.836 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во речиси сите сектори.

Официјалните податоци само ја потврдуваат исправноста на политиките и мерките на СДСМ во економијата и инвестирањето во човечкиот капитал.

СДСМ во изминатите две и пол година во два наврати ја зголеми минималната плата, која сега изнесува 14.500 денари, а со мерката за субвенционирање на придонесите поголеми плати земаат над 106.000 вработени лица.

Продолжуваме со мерките кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети и со настојувањата просечната плата да се искачи на 30.000 денари.

На прав пат сме и затоа граѓаните на 12 април ќе го дадат својот глас за поголеми плати и подобрување на животниот стандард.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара