Утрински Весник
Македонија

Економскиот совет на СДСМ дефинира нов пакет мерки за заживување на економијата

Економскиот совет на СДСМ дефинира нов пакет мерки за заживување на економијата

7 мај 2020
 прес-конференција Зоран Заев претседател на СДСМ
Денеска заедно со економскиот совет на СДСМ одржавме состанок на кој дискутираме за новиот сет економски мерки кои ќе ги предложиме до Владата, за полесно надминување на економските последици од коронавирусот и навремено да можеме да фатиме чекор за заживување на македонската економија.
Владата на Република Северна Македонија презеде навремени и сериозни мерки за помош на граѓаните, на економијата, и спас на што повеќе работни места.
Преку одговорните политики што ги спроведовме во изминатите години, создадовме економски услови, спремни да ја дочекаме оваа глобална криза. Сакам граѓаните да знаат дека во нас имаат партнер, дека знаеме низ што поминуваат и тука сме за заедно за да ја премостиме кризата.
Светска Банка вели дека нашата држава најлесно ќе ја преброди оваа криза, споредено со земјите во регионот. Тоа се должи поради навремените и опсежните економски мерки.
Во моментот, голем интерес има за помошта за плата од 14.500 денари по вработен, за која досега аплицирале 23.359 компании, или околу 30% од активните субјекти.
За оваа мерка имаат аплицирано 6.000 самостојни вршители на дејност или повеќе од 45% од регистрираните.
Овие бројки кажуваат дека секоја трета компанија има аплицирано за финансиска помош до 14.500 денари за исплата на плата по вработен.
Обезбедивме линии на брзи бескаматни кредити Ковид 1 и Ковид 2 во вкупен износ од 13,7 милиони евра, коишто ги таргетираат сите микро, мали и средни претпријатија погодени од кризата.
Од линијата кредити Ковид 1 досега се одобрени вкупно 631 кредитни апликации за исто толку компании со 5,588 вработени.
За втората линија бескаматни кредити – Ковид 2, се примени 2.400 апликации. Повикот е објавен на 29ти април, а ќе трае до 13ти мај 2020 година.
Наскоро преку комерцијалните банки ќе биде пласирана и линија со исклучително поволни кредити во износ од 51 милион евра.
На овој начин им помагаме на компаниите да ја задржат ликвидноста, но и да ги задржат своите вработени. За нас е важно секое работно место и секој работник.
Заедно со поволностите од Уредбата која обезбедува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка и данок на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година, придобивките од овие две уредби ги искористија околу 1.300 компании, а поднесени се околу 1.800 апликации кои се обработуваат.
Севкупно, бројот на компании кои добиле некаков вид на помош и кои аплицирале за поддршка изнесува околу 30.000 компании.
Со тоа ја остваруваме првичната проценка дека со овие мерки ќе се обезбеди помош за околу 30.000 претпријатија и 250.000 работни места.
Ова, почитувани, не се само бројки. Ова е реална помош, за зачувување на реални работни места, за спас на мали, семејни бизниси, но и реномирани средни компании, кои поради коронавирусот се најдоа во незавидна положба, не по своја вина.
Државата покажа дека е подготвена да одговори на предизвикот. Со сеопфатноста и целовитоста на мерките никој не е изоставен.
Се грижиме и за граѓаните кои се дел од неформалната економија. Со релаксирање на критериумите и начинот на користење на правото за минимална помош и брз влез во системот на социјална заштита, во кој од 3 април во центрите за социјална работа имаме околу 970 нови барања за остварување на правото на гарантирана минимална помош и тие се решаваат тековно.
Почитувани,
На денешниот состанок, економскиот совет на СДСМ работи и развива нов пакет мерки кои треба да креираат додадена вредност за да се реконструира економијата, во правец на; директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка. Дополнителен стимул за компаниите за иден, подинамичен развој на македонската економија вложување во домашното земјоделство.
Веќе гледаме како некои индустрии се добри примери кои видоа можности и ги искористија во оваа криза. Текстилните компании направија брза адаптација, па така извозот на маски, скафандери и  друга заштитна опрема е речиси за 300% поголем со април минатата година, април 2020 изнесува 390 милиони денари, а април 2019 изнесува 135 милиони денари.
Истото, го гледаме и во земјоделството каде имаме зголемен извоз на раноградинарски култури.
Сега кога здравствената криза полека го губи интензитетот, нашиот фокус го ставаме на развивање на економски мерки со кои ќе се креира додадена вредност и ќе се реструктуира економијата. Секоја криза е и нова можност.
Преку мерки на краток, среден и долг рок, преземаме чекори во насока на стабилизација на економијата, а потоа и враќање брзо на економскиот раст и развој на македонската економија.
Во духот на солидарноста, социјалната еднаквост и праведност, грижа за секое работно место и секој работник.
Сега е време кога ќе ги искористиме и нашите предности, земјоделството, сонцето, угостителско-туристичките услуги со огромен капацитет да растат, но и да ги зголемиме ИТ и дигиталната подготвеност и електронската писменост на населението.
Да најдеме нови, креативни решенија кои не само што ќе ја придвижат економијата, туку ќе ѝ дадат и дополнителен стимул за нов почеток и динамичен раст и развој.
Следува период кога Владата, министерствата, директорите на економските институции  ќе разговараат со синдикатите, коморите и сите други соодветни институции и ќе ги објавуваат самите мерки.
Центар за комуникации на СДСМ

 

– МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите