Утрински Весник
Економија

Економист отпушта 1.300 вработени поради Ковид-19

Економист отпушта 1.300 вработени поради Ковид-19

Лондон, 19 мај 2020 (МИА) – Британската мултинационлана компанија Економист ќе го намали бројот на вработени за седум проценти на светско ниво, поради што 1.300 луѓе ќе ги изгубат работните места, како последица на епидемијата со новиот коронавирус.

Поради влијанието на пандемијата на пазарот на печатени медиуми Економист одлучи списанието за култура „1843“ во иднина да излегува само во дигитален формат.

Со отпуштањето нема да биде засегнати уредниците на Економист, а најголемиот број на откази ќе бидат поделени во маркетиншката агенција ТВЦ, што е дел од медиумската групација.

Како дополнителни мерки во процесот на заштеда, извршната директорка Лара Боро, главниот и одговорен уредник Зани Минтон Бидојс и раководниот тим, како и одборот доброволно прифатија намалување на платите. ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Реплек“ со раст на домашниот пазар од 20% во првиот квартал од годинава и зголемена дивиденда за 25%

Поскапеа кафеаните – 24info.mk

Tрошоците на животот во март на годишно ниво зголемени за 4.9 %, а цените на мало за 3.4 %