Утрински Весник
Свет

Еколошките активисти во Србија синоќа одржаа протести

Еколошките активисти во Србија синоќа одржаа протести

Активисти за заштита на животната средина кои бараат српските власти да донесат закон со кој целосно ќе се забрани истражувањето и експлоатацијата на литиум и бор во Србија синоќа поставија шатори пред влезот во канцеларијата на српскиот претседател Александар Вучиќ и ќе „логоруваат“ во следните пет дена, јавува Анадолија.

Поставувањето на шаторот беше вовед во протестот одржан пред кабинетот на Вучиќ, на кој активистите предупредија дека Рио Тинто сè уште купува куќи и имоти во долината Јадра, каде што со Просторниот план претходно беше планирано да се отвори рудник за литиум.

Активистите рекоа дека Рио Тинто продолжил да отвора нови истражни бунари без никакви документи, објаснувајќи дека тоа им било дозволено во контакт со лице кое работи во кабинетот на Вучиќ.

Наведоа и дека на претходно купените имоти кои требаше да се користат како места за експлоатација на минералот јадарит, од кој се добиваа литиум и бор, се уште се присутни работници и обезбедувањето на компанијата Рио Тинто.

На протестот беше истакнато и дека српската влада и покрај претходните ветувања не презема ништо за да ги спречи активностите на Рио Тинто.

Активистите посочија дека државата е народот и дека без народ таа е само територија и нагласија дека нема да дозволат Србија да биде „претворена во територија заради заработката на експлоататорите“.

Беше посочено дека никогаш повеќе не смее да се случи претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јавно да изјави дека рудникот е завршен и дека по тоа „воено ветување“, експертите од Рио Тинто продолжуваат да доаѓаат во Јадар.

Можете да прочитате

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари

Европа „под вршник“ – во Португалија измерени 46,6 степени

Поради топлотен бран затворени училишта низ Европа – температурите одат до 46°