Утрински Весник
Магазин

Еди Марфи и Арсенио Хол во долгоочекуваното продолжение на „Доаѓање во Америка“

Еди Марфи и Арсенио Хол во долгоочекуваното продолжение на „Доаѓање во Америка“

Поминаа триесет и две години откако хит-комедијата Coming To America („Доаѓање во Америка“) дебитираше во кинoсалите.

И фановите конечно имаат прв поглед на претстојното продолжение, во нови фотографии објавени од студиото „Амазон“ во четвртокот.

„Доаѓање во Америка 2“ пристигнува на 5 март 2021 година на „Амазон прајм видео“.

На фотографиите се гледа сè уште младешкиот изглед на Еди Марфи и Арсенијо Хол, како принцот Аким и неговиот верен пријател Семи.

Исто така, се гледаат и Џејмс Ерл Џонс, кој ја повторува улогата на Џеф Џофер, и Шери Хедли како Лиза Мекдауел.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Граѓанска наука во служба на природата: Мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните

Македонските тимовина СТЕМ Академија со врвни резултати на Светската олимпијада за роботика во Грција

Меѓународниот саем за туризам ќе се одржи на средината на месецов на планината Качкар во Турција