Утрински Весник
Свет

Единствен начин да се отворат училиштата: Германија наскоро ќе ги вакцинира учениците

Единствен начин да се отворат училиштата: Германија наскоро ќе ги вакцинира учениците
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германската министерка за образование Ања Карличек сака да го забрза усвојувањето на планот за вакцинација на деца и адолесценти, бидејќи смета дека само така може да се отворат училиштата помалку или повеќе нормално по летниот распуст, пишува ДВ.

Карличек (ЦДУ) бара да се направи распоред за вакцинација во сите провинции за деца и адолесценти на возраст од 12 години и посочува дека до почетокот на следната учебна година на секој наставник во земјата треба да му се понуди да се вакцинира.

Барањето на германската сојузна министерка треба да се разгледа следната недела, на состанокот на сојузните и покраинските влади.

Претходно, сојузниот министер за здравство, Јенс Шпан (ЦДУ), побара вакцините на „Бионтек“ да бидат достапни за учениците, за училиштата повторно да бидат отворени.

Европската агенција за лекови во моментов работи на забрзано одобрување на вакцината на Бионтек-Фајзер за деца на возраст од 12 до 15 години, а САД веќе започнаа да вакцинираат деца и адолесценти.

Според резултатите од едно истражување, задоволството од животот за време на пандемијата кај деца и адолесценти се намалило за дури 21 процент.

Повеќе од половина од нив станаа понесреќни во тековната учебна година, како што објавија од здравственото осигурување „ДАК-Гезундхајт“, кое го нарача студијата. Меѓу таа популација, наводно, има зголемување на емоционалните проблеми.

Можете да прочитате

ТЕПКО ќе ја рестартира најголемата нуклеарна централа во светот

Повеќето Руси очекуваат војната во Украина да заврши во 2026 година

Мерц: Германија ќе работи упорно за мир и безбедност во Европа