Утрински Весник
Сцена

Единствениот музичар на турнеја во моментов

Единствениот музичар на турнеја во моментов

Американскиот музичар Марк Рабие е единствениот музички артист кој што е на турнеја за време на пандемијата од ковид-19. Енергетичниот артист ваква прилика добил откако го исконтактирале од ланец на кина на отворено, односно кино каде што гледачите од нивниот автомобил гледаат кон платното.

Настапите ќе се одвиваат така што присутните од нивниот автомобил (со затворени прозорци) можат да се приклучат кон радио станицата на која што во живо ќе биде пренесена музиката. Ова ќе му овозможи на Марк да има интеракција со публиката, со тоа што ќе оди меѓу автомобилите.

Тој првиот настап од неговата турнеја го имаше на 9 јуни во Балтимор, а неговата турнеја треба да заврши во Колорадо на 1 јули. Марк ретко изведува песни кои што се предходно напишани, односно на лице место ја создава музиката што го прави секој негов настап уникатен, а како тоа звучи можете да слушнете овде.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка