Утрински Весник
Спорт

Едерсон го продолжи договорот со Манчестер сити

Едерсон го продолжи договорот со Манчестер сити

Бразилскиот голман Едерсон Мораеш (28) го продолжи договорот со Манчестер сити. Едерсон ќе остане на „Етихад“, до јуни 2026 година. Клубот не ги објави финансиските детали од новиот договор.

Едерсон е играч на Манчестер сити од 2017 година, кога во клубот пристигна од Бенфика. Со „граѓаните“, Бразилецот има освоени 10 трофеи.

„Го очекував ова по разговорите што ги имав со челниците. Јас се фокусирав на играта, а менаџерот ја заврши целата работа. Драго ми е што постигнавме договор“, истакнал Едерсон.

Манчестер сити претходно го продолжија договорот и со Португалецот, Рубен Дијаш.

> Едерсон го продолжи договорот со Манчестер сити <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина