Утрински Весник
Македонија

Еден позитивен случај на КОВИД-19 и еден оздравен пациент во Малешевијата

Еден позитивен случај на КОВИД-19 и еден оздравен пациент во Малешевијата

Пехчево, 28 јуни 2020 (МИА) – По пауза од две недели во Малешевијата e регистриран нов пациент, кој е позитивен на коронавирус. Пациентот е од Пехчево и е вкупно шестиот позитивен на КОВИД-19 во оваа општина, каде во моментот има три активни случаи. Надлежните информираат дека пациентите се во добра состојба.
-Двајцата сопружници кои до денеска веќе 8 ден се во самоизолација и понатаму се во добра здравствена состојба. На новиот пациент исто така му посакуваме побрзо оздравување, велат од пехчевскиот здравствен дом.
Тројцата пациенти остануваат единствените случаи во Малешевскиот регион, откако денес и официјално беше соопштено дека пациентот од Берово кој беше позитивен на КОВИД-19, денес е регистриран како оздравен.
-И понатаму апелираме на почитување на мерките за заштита од коронавирус. Како надлежни ќе продолжиме да правиме се да нема нови случаи на заразата, истакнаа од општина Берово.
Во соседната општина Делчево во моментот нема пациенти кај кои е забележано присуство на вирусот Ковид-19, додека од почетокот на пандемијата Македонска Каменица е единствената од овој крај во државата каде досега нема позитивни пациенти на коронавирус. вс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!