Утрински Весник
Свет

Еден од осомничените за терористичкиoт напад во Виена изврши самоубиство

Еден од осомничените за терористичкиoт напад во Виена изврши самоубиство

Осомничениот за соучесништво во терористичкиот напад на 2 ноември во Виена, во кој загинаа четири лица, а повеќе од 20 беа повредени, изврши самоубиство.

Според весникот „Кронен цајтунг“, човекот, за кого се верува дека знаел за плановите за терористичкиот напад извршен од Албанец од Северна Македонија, Кујтим Фејзулаи, се самоубил.

Се посочува дека нема индиции за насилно злосторство, но дека конечните одговори ќе ги даде обдукцијата.

Човекот кој изврши самоубиство е еден од седумтемина осомничени за соучесништво во терористичкиот напад.

Тој беше привремено лишен од слобода, но подоцна беше ослободен. Тој наводно бил близок со терористите и можно е, како што истакнуваат медиумите, да помогнал во подготовките за нападот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд

Во земјотресите во Венецуела досега пронајдени најмалку 920 загинати лица, 3.300 се повредени

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места