Утрински Весник
Свет

Еден од најмодерните руски тенкови бил уништен во Харков, тврдат Украинците

Украинските сили преку социјалните мрежи шират информации дека на бојното поле уништиле модерен и редок руски тенк Т-90М Прорјив-3 (Пробој-3).

Како доказ на „Твитер“ се појави фотографија која наводно е направена на 4 мај и на која се гледа уништениот руски тенк. Фотографијата ја објави новинарот на The Kyiv Independent, Илија Пономаренко, а на неа во преден план се гледа репортерот Андриј Цаплијенко.

Тенкот наводно бил уништен во североисточниот украински регион Харков.

Според специјализираниот воен портал The War Zone, тенкот Т-90М е технолошки најнапредниот и најспособниот тенк во рускиот воен арсенал на бојното поле.

Уништувањето на овој тенк ја одразува подготвеноста на Москва да ја вклучи својата најсовремена воена технологија во борбите, оценува The War Zone. Рани докази дека Русија можеби ангажира дел од нејзините ограничени резерви на тенкови Т-90М почнаа да се појавуваат уште во април.

Скриен тенк Т-90М е виден во регионот Харков на видеа објавени од Националната гарда на Русија (Росгардија) на 25. април, а кои оттогаш кружат на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина