Утрински Весник
Македонија

Еден нов случај на КОВИД – 19 во гостиварско

Еден нов случај на КОВИД – 19 во гостиварско

Гостивар, 7 јуни 2020 (МИА) – Епидемиолозите открија еден нов случај на инфициран со корона вирусот во гостиварскиот регион. Од последните пет тестирања, едно лице од општина Врапчиште имало позитивен резултат на КОВИД 19. До денеска се активни вкупно 30 случаи.

Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб, во општина Гостивар сега има 14 активни случаи, во општина Врапчиште 13, а во Маврово и Ростуше 3.

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари кој е претседател на штабот за денеска околу пладне најави нов состанок на кој покрај градоначалниците ќе присуствуваат и претставници на повеќе институции. Тој претходно состојбата ја оцени како стабилна и предупреди на задолжително почитување на мерките за заштита.

Во трите гостиварски општини од почетокот на пандемијата направени се 475 тестови од кои  51 лице имало позитивни резултати на  КОВИД 19. Од нив, 24 се во Гостивар, 22 во Врапчиште и пет во Маврово и Ростуше. Како последица од инфицирање со корона вирусот починаа три лица. За излекувани се водат 18 пациенти.згм/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали