Утрински Весник
Македонија

Еден новозаболен и еден починат во Прилеп

Во Прилеп еден новозаболен од Ковид-19 и едно лице почина на 84 години

Прилеп, 6 јуни 2020 (МИА) Во Прилеп денеска е регистриран еден новозаболен од коронавирусот, а еден пациент на 73-годишна возраст почина. Две лица оздравеле од оваа заразна болест.

Бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 29. Од нив, 21 лице се наоѓа на домашно лекување, тројца се хоспитализирани во инфективното одделение во градската болница „Борка Талески“, а петмина се на лекување во Клиниката за инфективни болести и во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје.

Во самоизолација се наоѓаат 42 лица. Поради неносење заштитни маски, на 18 граѓани им се изречени прекршочни пријави.ем/бк/

 


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меџити: Утре ЈСП ќе добие шест електрични автобуси

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие