Утрински Весник
Магазин

Еден и единствен – Клинт Иствуд го прослави својот 91. роденден

Еден и единствен – Клинт Иствуд го прослави својот 91. роденден

Клинт Иствуд во понеделникот наполни 91 година, а фановите на легендарниот актер и режисер му оддаваа почит на социјалните мрежи.

Со кариера која трае повеќе од 60 години, од неговите иконски улоги во класични вестерни до неговата оскаровска работа како режисер, Иствуд се смета за еден од најважните великани во историјата на филмот.

На неговиот роденден, илјадници фанови му дадоа до знаење колку е ценет.

„Среќен роденден на Клинт Иствуд 91“, напиша еден голем фан на Твитер, вклучувајќи четири фотографии од различни периоди од животот на Иствуд. “Еден од најдобрите актери на сите времиња. Сите оние фантастични филмови, и брилијантен режисер.“

„Добар, грд и лош“ е мојот омилен. Со таа фантастична музика. Исто и „Валканиот Хари“. Клинт Иствуд, американска легенда” твитна друг фан.

Можете да прочитате

Meлони го прослави роденденот во Јапонија и објави аниме-селфи со јапонската премиерка

Гвинет Палтроу призна: „Изгубив улога поради разводот“

Овој парфем е прогласен за најдобар женски мирис на сите времиња