Утрински Весник
Свет

Египет, Турција и Саудиска Арабија сакаат да станат членови на групата предводена од Русија

Претседателот на БРИКС, меѓународната асоцијација на економии во развој, Пурнима Ананд денеска изјави дека Турција, Египет и Саудиска Арабија сакаат да се приклучат на оваа група која ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

dobivaj vesti na viber

Ананд изјави дека одлуката за прием на некои од земјите може да се донесе за време на следниот самит на организацијата во 2023 година. Таа истакна дека претставниците на земјите од БРИКС разговарале за можни нови членки за време на нивниот последен самит во Пекинг, кој се одржа во виртуелен формат на 23 .и 24 јуни.

– Сите овие земји покажаа интерес за приклучување и се подготвуваат да аплицираат за членство. Мислам дека тоа е добар чекор, бидејќи проширувањето секогаш се перципира позитивно, ќе го зајакне влијанието на БРИКС ширум светот – рече Ананд, изразувајќи надеж дека приемот на нови членови ќе се случи „многу брзо“, бидејќи „сите претставници на земјите кои го сочинуваат јадрото на оваа асоцијација заинтересирани за проширување”.

Ананд изјави дека членството на Турција, Египет и Саудиска Арабија треба да се случи брзо, бидејќи процесот веќе е во тек, истакнувајќи дека приклучувањето во организацијата нема да се случи истовремено.

Претходно, Иран и Аргентина исто така поднесоа барања за приклучување кон организацијата, пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Јулија Свириденко е нова премиерка на Украина

Кои се Друзите? – 24info.mk

Сирискиот претседател го предупреди Израел да не се обидува да ја вовлече Сирија во војна