Утрински Весник
Свет

Египетските новинари бараат ослободување на политичките затвореници

Египетските новинари бараат ослободување на политичките затвореници
Dik 300x250 mk

Стотици египетски новинари повикаа во неделата на ослободување на сите политички затвореници, пренесува „Мидл Ист монитор“.

Во службената белешка, Синдикатот на новинарите ги повика јавниот обвинител на Египет, министерот за правда и управата на затворот „Тора“ во западниот дел на Каиро да го ослободат нивниот колега Хишам Фуад, за кого велат дека штрајкува со глад веќе две недели.

„Египетските власти мора итно да интервенираат за да му ја обезбедат потребната здравствена заштита на Фуад и да му го спасат животот“, рекоа тие.

Синдикатот повика на ослободување на Фуад, Хосам Моанис и на други кои веќе ги поминале максималните две години во притвор пред судење.

„Продолженото незаконско затворање на Фуад и на неговите колеги го загрозува нивниот опстанок по повеќе од две недели штрајк со глад“, се предупредува во соопштението.

Можете да прочитате

Кој стои зад грабежот на векот: Еве како изгледа украдениот накит од Лувр (ФОТО)

Лувр под клуч: По спектакуларната кражба продолжува потрагата по виновниците

Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија