Мадрид, 17 март 2020 (МИА) – Европското фудбалско првенство 2020 е одложено за 2021 година поради ширењето на коронавирусот, пренее „АС“. Информацијата беше потврдена и во Норвешката фудбалска федерација. Покрај тоа, порака за одложување на турнирот ја објавија многу светски медиуми.
УЕФА сè уште не даде официјална потврда за оваа информација.
Поради коронавирусот прекинати се националните првенства во речиси сите европски земји, меѓу нив и најсилните пет лиги: Премиер лига (Англија), Ла Лига(Шпанија), Серија А (Италија), Бундеслига (Германија), Лига 1 (Франција). зс/