Утрински Весник
Свет

Европскиот Парламент предупредува- Бројот на мигранти расте, мора итно да дејствуваме

Европскиот Парламент предупредува- Бројот на мигранти расте, мора итно да дејствуваме
300x250 (7)

Со доаѓањето на летните месеци на надворешните граници на ЕУ, притисокот на мигрантите расте, затоа е потребно итно и солидарно да се дејствува со цел да се заштитат човековите права на сите инволвирани, предупредија европратениците на дебатата пред состанок на Советот на Европа.

Европратениците ги искажаа своите ставови и очекувања пред неодамнешниот состанок на Советот на Европа и, меѓу другото, предупредија за проблемот со миграцијата, нагласувајќи дека бројот на мигранти расте во летните месеци и дека сите членки на ЕУ мора да покажат солидарност со повеќето земји изложени на миграциски притисок.

Ss1

Тие им порачаа на високите претставници дека за ова е потребна итна акција со која ќе се спречи кризата и ќе се заштитат човечките животи и права.

„Европските граници станаа гробници под отворено небо, азилантите се киднапирани, оставени, злоупотребени во хрватските шуми, Мароканците умираат на границите на Шпанија, бродовите што спасуваат мигранти се блокирани во Италија“, рече француската пратеничка Манон Обри .

Државната секретарка на Португалија, Ана Паула Закаријас, во дискусијата рече дека мора под итно да се подобри управувањето со границите и да се обезбеди доброволно, достоинствено и одржливо враќање и реадмисија.

„Неодамнешните случувања на некои рути се причина за загриженост и бараат конкретен напредок во соработката со нашите партнери“, рече Закаријас.

Исто така беше иницирана дискусија за договорот за дистрибуција на мигранти, кој беше постигнат во 2019 година на Малта, за кој Закаријас рече дека е ефикасен механизам за солидарност, но кој сепак останува ограничен во некои делови.

Ss1

Можете да прочитате

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип